8ми септември 69

Битола, Северна Македонија

+389 78 440 599

Поддршка на клиенти

Mon - Fri: 9:00 - 16:00

24/7 online продавница

НИЕ ВИ НУДИМЕ СОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА НАВОДНУВАЊЕ

ЗОШТО СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ?

Потребата за примена на современи системи за наводнување се зголемува не само заради пазарниот императив, туку и како мерка против климатските промени

Современите системи за наводнување нудат решенија кои ја намалуваат потрошувачката на вода, го намалуваат непожелниот вегетативен пораст, го зголемуваат квалитетот на производот и гарантираат константен квалитет

Системот за наводнување „капка по капка“ е најнапредна технологија во наводнувањето, најрационално ги искористува расположливите количини на вода и придонесува во зголемување на приносите

Погоден е за фертиригација. Системот капка по капка е идеален за прихранување на растенијата, затоа што на тој начин се врши дозирање и апликација на храна директно во зоната на коренот

Лесно се инсталира. Системот „капка по капка“ е релативно ефтин систем за залевање и лесно се поставува. Рамномерно и прецизно залевање. Нема стрес за растенијата заради наглата промена на режимот на влагата

Овозможува примена на хемикалии (хербициди, инсектициди, фунгициди, нематоциди, регулатори на растот) заедно со водата, што има предност и од економск и од еколошка гледна точка.